Фото: Маја Јаневска Илиева

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа постигна историски успех со победа  на финалниот меч од квалификациите за пласман на главниот турнир на Вимблдон.

По двете претходни победи во квалификациите, Ѓорческа денеска ја совлада италијанската тенисерка Лусија Бронцети со 2:0 (6:1, 6:2). Успехот е дотолку поголем ако се знае дека Италијанката на ВТА-листата се наоѓа речиси 100 места пред македонската претставничка и важеше за фаворит во овој дуел.

Наспроти послабиот рејтинг, Ѓорческа влезе самоуверено во натпреварот и доминантно освојуваше гемови, не давајќи и ни најмала шанса на својата противничка.

Со тоа Ѓорческа го постигна најголемиот успех на некој македонски тенисер во машка или женска конкуренција бидејќи обезбеди учество во поединечна конкуренција на некој грен слем турнир.