Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за развој на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 30 до 38 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината постојат услови за краткотрајно невреме во попладневните часови. Температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 35 степени.
Според најновата прогноза на УХМР, и во текот на утрешниот ден, како и задутре, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер. На поединечни места можно е невреме со пороен дожд и град.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица се очекува претежно сончево и топло време, со високи дневни температури и стабилни временски услови.


































