Две лица загинаа во вооружен напад во библиотека во северниот дел на Калифорнија, додека осомничениот напаѓач е приведен и се наоѓа во полициски притвор, соопштија локалните власти.
Во инцидентот е повредено и едно дете, кое е пренесено во болница со полесни повреди, пренесе „Асошиејтед Прес“
Полицијата интервенирала по пријава за пукање во библиотека во Округ Бјут, каде што сведоци пријавиле истрели и вресоци.
Осомничениот бил уапсен додека се обидувал да избега од местото на настанот. Поради истрагата, улиците во непосредна близина на библиотеката биле привремено затворени.
Од полицијата соопштија дека во моментов нема дополнителна опасност за жителите и дека се преземаат активности за утврдување на мотивите и околностите на нападот.
Истрагата за случајот е во тек.
































