Иницијативите за преструктурирање на ЕУ продолжуваат преку различни предлог-форми и содржини
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан инсистира дека останува во политиката и дека ќе продолжи да се бори против Европската Унија за прашања како што е миграцијата во својата прва посета на Брисел по изборниот пораз во април, пренесуваат светските медиуми. Зборувајќи пред мала група новинари со поглед на седиштето на Европската комисија во Берлејмонт, Орбан рече дека неговата „цел не се променила“ кога станува збор за ЕУ.
– Мораме да го реформираме Брисел… Многу е тешко да се најде начин што ќе обезбеди успех за Унгарија ако Европската Унија не е на истиот пат – кажа Орбан.
Тој останува лидер на партијата Фидес, чии пратениците се дел од групата Патриоти за Европа во Европскиот парламент, заедно со оние на францускиот Национален собир, предводен од Жордан Бардела.
– Нашиот изборен пораз не го менува историски одлучувачкиот факт дека, во Европа, напредокот на патриотските политички партии продолжува. Убеден сум дека овој напредок може да се запре само ако раководството на ЕУ може да покаже одреден успех – рече Орбан, додавајќи дека фракцијата Патриоти за Европа сè уште има еден претставник во Европскиот совет, чешкиот премиер Андреј Бабиш.
Орбан ја напушти функцијата во мај, неколку недели откако лидерот на централнодесничарската опозиција, Петер Маѓар, победи на националните избори во Унгарија, при што неговата партија Тиса освои двотретинско мнозинство во парламентот. Маѓар вети дека ќе ги ресетира односите со Брисел, со деблокирање на апликацијата против Украина за членство во блокот и како последица на тоа за Унгарија да бидат одблокирани 17 милијарди евра средства замрзнати од Брисел поради „прекршување на владеењето на правото“, како што тврди Брисел, кога зборува за Орбан. Политичката партија на новиот премиер Тиса, исто така, презеде иницијатива да воведе ограничување на осумгодишниот премиерски мандат и тоа го направи со уставен амандман што ќе се применува ретроактивно, што го спречува Орбан да се врати на функцијата. Р.С.
































