Фото: Пиксабеј

Речиси секој петти граѓанин на Европската Унија се соочува со некакво ментално нарушување, а околу 60 проценти од засегнатите не добиваат соодветна здравствена поддршка, покажуваат податоците на Организација за економска соработка и развој.

Според организацијата, менталните болести секоја година се поврзуваат со околу 28.000 предвремени смртни случаи во Европа, пренесе МИА.

 – Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментално нарушување, при што околу три четвртини од случаите се однесуваат на депресија, анксиозни нарушувања и проблеми поврзани со употреба на психоактивни супстанции – изјави Михаел Милер.

Тој предупреди дека реалната состојба денес најверојатно е уште посериозна, имајќи предвид дека истражувањето било спроведено пред пандемијата на COVID-19.

Експертите посочуваат дека постојат бројни показатели оти пандемијата дополнително го влошила менталното здравје кај голем број луѓе, особено поради изолацијата, неизвесноста и зголемениот стрес.

Покрај здравствените последици, нарушувањата на менталното здравје имаат и значително економско влијание. Според проценките, тие ги чинат европските економии околу 76 милијарди евра годишно, што претставува приближно шест проценти од вкупните трошоци за здравствена заштита.