Фото: МВР/Фејсбук

Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет лица кои управувале моторни возила без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Меѓу приведените се и двајца малолетници, а едно од лицата било затекнато како управува возило и под дејство на алкохол.

По две лица биле приведени во Скопје и Прилеп, а по едно во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод и Кривогаштани. Малолетните возачи биле евидентирани во Македонски Брод и Кривогаштани.

Од МВР информираат дека лицето затекнато во Кратово претходно учествувало во сообраќајна незгода, како и едно од приведените лица во Прилеп, кое дополнително било под дејство на алкохол.

По целосното документирање на случаите, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не управуваат возила без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.