Фото: Принтскрин

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот.
Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа.

Нови предвремени избори беа распишани откако косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател во уставниот рок по завршувањето на мандатот на претседателката Вјоса Османи.

Право на глас имаат 2.092.174 гласачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот и затвораат во 19:00 часот.

На изборите учествуваат 21 политички субјект, со 902 кандидати за пратеници, од кои три коалиции, 17 политички партии и еден независен кандидат