Фото: Пиксабеј

Сончево и топло време денеска, од четврток повторно дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во источните делови од земјата ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 40 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 30 степени.

Според прогнозата, во недела и понеделник претпладне ќе има променлива облачност со сончеви периоди, додека во попладневните часови локално се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во вторник и среда времето ќе биде релативно стабилно, со променлива облачност и сончеви интервали. Од четврток повторно се очекува дестабилизација на времето, проследена со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.