КОЊИЧКИ СПОРТ
На скопскиот Хиподромот во Маџари, во рамките на второто коло во коњичкиот турнир во прескокнување пречки, имаше и еден свечен момент. На двајца заслужни функционери за развојот и за егзистенцијата на коњичкиот спорт во Македонија им беа врачени признанија. Признанија им беа доделени на Димитар Јосифовски, кој од поодамна е прогласен за почесен претседател на Федерацијата на коњички спортови на Македонија, и на техничкиот секретар на федерацијата, Љупчо Пупаковски, кој повеќе од 60 години е присутен во коњичкиот спорт, прво како натпреварувач, а потоа и како функционер во федерацијата. Признанијата на заслужните личности во коњичкиот спорт им ги предаде актуелниот претседател на Федерацијата на коњичките спортови на Македонија, Ристо Јосифовски. Тоа е убав гест на актуелното раководство кон луѓето што не се штедеа и му помагаа на овој убав и динамичен спорт. З.М.
































