Дваесетгодишен скопјанец е приведен откако со автомобил удрил во 13-годишен велосипедист во Скопје – информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила вчера околу 16.10 часот на улицата „Коце Металец“, кога патничко возило „сеат“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.П. (20), удрило во велосипед што го управувал 13-годишник од Скопје.
Во сообраќајната несреќа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, потврдени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а возачот бил лишен од слобода согласно член 300 од Кривичниот законик.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


































