политичка заедница во Ереван, се обрати на тркалезната маса посветена на зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во услови на зелена транзиција.
Според соопштението од нејзиниот кабинет, таа оцени дека глобалните конфликти и енергетските турбуленции носат сериозни ризици за енергетската стабилност, при што најранливи се малите држави.
Силјановска-Давкова истакна дека енергетската поврзаност не е само економско, туку и клучно безбедносно прашање на национално, регионално и европско ниво. Таа посочи дека главните пречки за поврзувањето на Западниот Балкан не се технички, туку политички, нагласувајќи дека билатералните спорови и употребата на ветото имаат поголемо негативно влијание од недостигот на инфраструктура.
-Секој замрзнат процес на интеграција значи замрзнати инвестиции и ограничена иднина – порача претседателката.
Таа додаде дека земјите од регионот поединечно располагаат со ограничени капацитети, но преку заедничко делување можат да станат релевантен партнер на Европа.
Во обраќањето беше потенцирано дека заедничката инфраструктура создава меѓузависност и придонесува за намалување на ризиците од конфликти, како и за поголема отпорност на надворешни влијанија. Наместо зависност од еден извор, неопходна е диверзификација преку нови енергетски коридори и поврзување со повеќе извори, вклучително и од Западниот Балкан и Каспискиот регион.
Претседателката нагласи дека зелената транзиција и енергетската безбедност се дел од ист стратешки процес, при што обновливите извори на енергија имаат клучна улога за поголема независност и стабилност.
Со тркалезната маса, како што информира Кабинетот, претседаваа премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе, а во дискусијата учествуваа и високи претставници од повеќе европски и меѓународни институции.

































