Фото: ЕПА

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска надмина 110 долари за барел, под влијание на засилените геополитички тензии на Блискиот Исток.

На лондонската берза, суровата нафта од типот Брент поскапе за 2,44 долари во однос на претходното тргување и достигна цена од 110,61 долари за барел.

Истовремено, на американските пазари беше забележан раст од 1,38 долари, при што барел нафта се тргуваше за 103,32 долари.