Фото: ЕПА
  • Oваа одлука е донесена како признание за јазот од претходната трка, потоа неодамна објавените регулаторни и технички приспособувања и фактот дека големата награда на Мајами се одвива според форматот со спринт, што го намалува времето за тренинг во текот на викендот, објави ФИА

Најавено е дека слободниот тренинг пред претстојната трка за големата награда на Мајами ќе биде продолжен на 90 минути кога сезоната ќе продолжи по петнеделна пауза, објави Формула 1. Сесијата за време на викендот во Мајами, од 1 до 3 мај, сега ќе трае од 18 до 19.30 часот според средноевропско време, што значи дека сите други сесии на патеката закажани пред тој тренинг исто така ќе се поместат за 30 минути.
Во соопштението од ФИА со кое се потврдува веста се наведува: „Оваа одлука е донесена како признание за јазот од претходната трка, потоа неодамна објавените регулаторни и технички приспособувања и фактот дека големата награда на Мајами се одвива според форматот со спринт, што го намалува времето за тренинг достапно во текот на викендот“, пренесе Формула 1.
Остатокот од настанот ќе се одржи како што беше првично планирано, квалификациите за спринт ќе се одржат во 22.30 часот в петок, пред вториот спринт од сезоната ќе се одржи од 18 часот в сабота. Потоа се квалификациите од 22 часот в сабота, а главната трка почнува в недела во 22 часот. Големата награда на Мајами е четвртата рунда сезонава, во која по три трки Кими Антонели е на чело на табелата во шампионатот на возачи, а Мерцедес е на врвот на табелата на тимовите, пишува Формула 1. Н.М.