Фото: Кремљ

Русија нема да го продолжи велигденското примирје, што истекува вечерва на полноќ, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски не ги прифати условите на Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Одржливиот мир може да дојде кога ќе ги обезбедиме нашите интереси и ќе ги постигнеме целите што ги поставивме на почетокот. Тоа буквално може да се направи денеска, но Зеленски мора да ги прифати добро познатите услови- рече Песков.

-Додека Зеленски не собере храброст да ја преземе одговорноста, специјалната воена операција ќе продолжи по завршувањето на примирјето – нагласи Песков, кој додаде дека „територијалните разлики“ меѓу Русија и Украина изнесуваат неколку километри.