Фото: Пиксабеј

На денешните парламентарни избори во Унгарија до 11 часот гласале 37,98 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија.

Според податоците објавени на веб-страницата на Националната изборна канцеларија, за гласањето биле регистрирани 7.527.742 избирачи, а до 9 часот излезноста изнесувала 16,89 отсто.

Изборите би можеле да стават крај на 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан, а нивното значење се оценува како важно не само за земјата, туку и за Европска Унија.

Главните кандидати, Орбан и неговиот ривал Петер Маѓар, утрово соопштија дека го оствариле своето право на глас.