Цените на нафтата денеска пораснаа додека се наближува истекувањето на новиот рок од ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, а пазарите се фокусирани на тековните нарушувања на глобалните енергетски резерви, јави ДПА.
Суровата нафта „Брент“ за испорака во јуни утрово се искачи за 1,2 отсто на 111,11 долари за барел во раната трговија, враќајќи се кон врвот во март од нешто над 112 долари. Американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) за истиот месец на испорака забележа слични зголемувања.
Од почетокот на конфликтот во Иран, цените на нафтата „Брент“ се зголемија за повеќе од 50 отсто, што укажува на растечка загриженост за инфлација и економскиот раст.
Трамп го постави повторното отворање на стратешкиот воден пат како централно барање во конфликтот, поставувајќи му на Техеран рок што истекува вечерва. Нема знаци за пробив во преговорите како што се наближува рокот за договор. Американскиот претседател предупреди за „целосно уништување“ на иранските електрани и мостови доколку поморскиот премин не биде повторно отворен.
Портпаролот на иранската војска ја отфрли заканата.
Ормускиот теснец е еден од најкритичните светски транспортни правци за нафта и течен природен гас, потсетува ДПА.































