Доналд Трамп повторно упати остра порака до Иран, предупредувајќи на сериозни последици доколку Техеран не се согласи на договор.
Во објава на социјалната мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп потсети на претходниот ултиматум поврзан со отворањето на Ормуската Теснина.
– Му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормуската Теснина. Времето истекува – уште 48 часа пред да следуваат сериозни последици – напиша Трамп.
Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот, по затворањето на теснината и ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, САД и Израел.
САД и Израел започнаа напади врз цели во Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади врз израелски цели и американски воени објекти на Блискиот Исток. Во меѓувреме, Иран ја затвори Ормуската Теснина – клучен воден пат преку кој се транспортира значителен дел од светските енергенси.
































