Литературно катче
На првиот кат
од мојата зграда
живее од скоро
господин со брада.
Поет славен,
велат бил,
пишувал песни
со врвен стил.
Но, таа работа
не е лесна,
а и тишина треба,
да стигнеш до песна.
Палавковците пак,
од зградата цела,
тишината ја цепат
со ѕвонливи дела.
Затоа со поетот
влегоа во војна,
дур мир не потпишаа
пред баба Стојна.
Поетот од неа
наредба прими,
сите палавковци
да ги стави во рими.
За возврат тие
тивки ќе бидат,
шега не е,
во книга ќе ги видат.
Автор: Атанас Крлевски
Второнаградена песна на Конкурсот за најдобра
необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на писателот Тоде Илиевски
Забелешка: На годинашниот конкурс не беше доделена прва награда

































