Управата за јавни приходи информира дека, согласно одлуката на Владата, во периодот од 24 март до 6 април 2026 година ќе се применува повластена стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10 проценти за енергенсите, односно горивата, пренесе МИА.
Од УЈП посочуваат дека сите даночни обврзници кои вршат малопродажба на моторни горива и мазива се должни навремено да ги усогласат своите фискални системи, ценовници и начинот на фактурирање, со цел правилна примена и евиденција на новата даночна стапка.
Се нагласува дека мерката мора да се спроведува доследно и во согласност со законските прописи, при што УЈП ќе спроведува засилени контроли за да се обезбеди нејзино почитување.
За утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки. Од Управата апелираат до сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата.
































