Со практично покажување на техниката Таи Чи, денеска во прилепската болница
„Борка Талески“, во присуство на кинеската амбасадорка Џианг Сиаојан, беше одбележан Светскиот ден на Таи Чи, под мотото „ Спокојни почетоци“. Настанот беше посветен на унапредување на мајчиното здравје и благосостојбата на трудниците, со посебен акцент на Таи Чи како безбедна и ефективна практика за време на бременоста.
– Многу убаво се чувствувам во Прилеп. Овој настан е по повод меѓународниот ден
на Таи Чи – 21 март, објавен од Унеско како симбол на хармонија, на природата. Се повеќе луѓе во светот вежбаат Таи Ч, приближно 400 милиони луѓе. Таи Чи е многу корисно за здравјето на луѓето и се надевам дека ќе биде прифатен – изјави кинеската амбасадорка, чиј роден град Деајанг, е збратимен со Прилеп.
Благодарност до кинеската амбасада за интересот за пренесување на Таи Чи во
Прилеп, упати доктор Кире Јоноски, директор на прилепската болница, при што истакна дека ќе се подобри здравјето на трудниците.

Според доктор Билјана Кржеска, специјалист гинеколог, Школата за трудници во
прилепската болница постои една година.
-Нашата школа за трудници ја посетуваат трудници во деветтиот месец. Одржуваме часови еднаш неделно и тоа бесплатно. Моментно имаме 10 трудници со кои ќе практикуваме Таи Чи, кое придонесува за подобро здравје – физичко и ментално здравје, со вклучена медитација. Од почетокот на годината се родени 90 новороденчиња – посочи Д-р Билјана Кржеска.
На предавањето, поддржано од Македонската асоцијација на гинеколози , УНФПА,
се пренесоа клиничките придобивки од вежбите со низок интензитет и миндфулнес
пристапот за грижата за женско здравје. Воедно се запознаа и со историјата и
филозофијата на оваа „медитација во движење“ , а имаше и практични вежби за
трудниците.
Овие активности имаа значајна улога во намалување на анксиозноста, подобрување
на квалитетот на сонот и подобра подготовка за породување на трудниците,
придонесувајќи за подобар почеток на секое ново семејство.
Денешниот настан е пример за успешна соработка на макеоднските институции и
меѓунаордните партнери во насока на унапредување на јавното здравје и поддршка на
идните генерации. Ка.М.































