По спроведените консултации, претседателката Гордана Силјановска-Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што информираа од нејзиниот кабинет, состанокот ќе се одржи во 18 часот во Вила Водно. На дневен ред ќе се најде безбедносната состојба во земјава, во контекст на најновите случувања и ескалацијата на настаните на Блискиот Исток.
Се очекува на седницата да бидат разгледани актуелните ризици и можните импликации врз националната безбедност, како и соодветните институционални мерки.


