Фото: Пиксабеј

Иранска Црвена полумесечина соопшти дека најмалку 201 лице го загубиле животот, а 747 се повредени во нападите што САД и Израел ги извршиле врз Иран.

Во соопштението, објавено од новинската агенција ИСНА, се наведува дека 24 од вкупно 31 иранска провинција биле погодени од нападите, при што организацијата е ставена во состојба на тревога.

Станува збор за прв официјален биланс на жртви што го објавуваат иранските власти по ескалацијата на конфликтот.

Во меѓувреме, Израелски одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека реализирале стотици напади врз воени цели на иранска територија.