Фото: Илустрација

Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека го започнала „првиот бран на обемни напади со ракети и дронови“ врз Израел, пренесуваат иранските медиуми.

Во соопштението се наведува дека нападите се извршени „како одговор на непријателската и криминална агресија“ врз Исламската Република Иран.

Според достапните информации, во изминатиот час биле лансирани повеќе балистички ракети од иранска територија кон Израел, но засега нема непосредни извештаи за жртви или поголема материјална штета.

Во меѓувреме, сирените за тревога продолжуваат да се огласуваат во северниот и јужниот дел на Израел, додека властите ги повикуваат граѓаните да останат во близина на засолништа и да ги следат официјалните упатства.