ФУДБАЛ
- Англија ја почна сезоната со девет тима и сите се пласираа во осминафиналињата, и тоа шест во Лигата на шампионите, два во Лига Европа и еден во Конференциската лига
Од водечките десет земји сезонава според резултатите во трите европски купа, Лигата на шампионите (ЛШ), Лига Европа (ЛЕ) и Конференциската лига (КЛ), само Англија остана во трка со сите екипи, вкупно девет, со кои ја почна сезоната, според податоците на Европската фудбалска унија (УЕФА). Од другите земји најмногу клубови имаат Шпанија, шест (од осум), Германија, пет (од седум), Италија и Франција по четири (од седум)…
Во осминафиналињата на куповите на УЕФА, Англија ќе има шест тима во Лигата на шампионите (Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Њукасл и Тотенхем), два во Лига Европа (Астон вила и Нотингем форест) и еден во Конференциската лига (Кристал палас).
Од нив, директен пласман меѓу 16-те најдобри, како пласирани до осмото место на табелите, остварија Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Тотенхем и Астон вила, а во плејофот за пласман меѓу 16-те најдобри сезонава победија Њукасл, Нотингем форест и Кристал палас.
Поради ваквите резултати Англија води убедливо на листата на Европската фудбалска унија, според која се доделуваат две дополнителни места во Лигата на шампионите за идната сезона. Така, Англија сега има 22,291 поени, а потоа на таа табела следуваат Германија со 17,571, Шпанија со 17,406, Италија со 17,357, Португалија со 16,6…
За оваа табела Европската фудбалска унија ги вклучува резултатите на тимовите во сите три европски купа (два за победа, еден за реми), доделува и бонус-поени за пласманот на табелата (12 за првото место на табелата во ЛШ, 11,75 за второто…), за секој пласман понатаму (1,5 за Лигата на шампионите, еден за Лига Европа, половина за Конференциската лига…).
Најдобрите две земји сезонава, според резултатите на тимовите во сите три европски купа, ќе добијат по едно дополнително место во Лигата на шампионите за идната сезона. За сезонава тоа место го освоија Англија (Њукасл) и Шпанија (Вилјареал), а минатата сезона тоа беа Германија (Борусија Дортмунд) и Италија (Болоња), сите како петтопласирани во своите домашни првенства во соодветните сезони. Н.М.
ОСМИНАФИНАЛНИ ДВОЈКИ ВО ЛШ
ПСЖ – Челзи
Реал М. – Манчестер С.
Њукасл – Барселона
Бодо/Глимт – Спортинг
Галатасарај – Ливерпул
Аталанта – Баерн М.
Атлетико М. – Тотенхем
Баер Л. – Арсенал
Првите дуели се на 10 и 11 март, а реваншите на 17 и 18 март.
ОСМИНАФИНАЛНИ ДВОЈКИ ВО ЛЕ
Ференцварош – Брага
Генк – Фрајбург
Штутгарт – Порто
Болоња – Рома
Панатинаикос – Бетис
Селта Виго – Лион
Нотингем ф. – Мидтјиланд
Лил – Астон Вила
Првите мечеви се на 12 март, а реваншите на 19 март.
ОСМИНАФИНАЛНИ ДВОЈКИ ВО КЛ
Лех Позњан – Шахтјор
Кристал Палас – АЕК Ларнака
Самсунспор – Рајо Ваљекано
Сигма – Мајнц
АЗ Алкмар – Спарта Прага
Фиорентина – Раков
Целје – АЕК Атина
Риека – Стразбур
Првите дуели се на 12 март,
а реваншите на 19 март.
ТАБЕЛА НА УЕФА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕСТА ВО ЛШ
Англија 22,291
Германија 17,571
Шпанија 17,406
Италија 17,357
Португалија 16,6

































