Од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. Случајот, како што информираат од МВР е пријавен вчера во 16.15 часот во СВР Скопје, по што е лишено едно лице, вработено како обезбедување во објектот.
– По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот – информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

































