Изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Маврови Анови – 10 литри на метар квадратен, а најмалку – 1 литар на метар квадратен во Прилеп и Крива Паланка.
Утрово најладно било во Попова Шапка и Берово каде е измерена температура од -1 степен, а најтопло било во Гевгелија со измерени 7 степени Целзиусови.
На Попова Шапка е измерена снежна покривка во висина од 55 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.


































