Најмалку 200 луѓе загинале оваа недела при уривање на рудник за колтан во Демократска Република Конго, соопштија денеска властите кои се под контрола на бунтовниците.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Северен Киву потврди дека 200 луѓе настрадале, како и дека уривањето на рудникот, кое почнало во средата, било предизвикано од обилни дождови на истокот на земјата.
Рудникот произведува околу 15 отсто од светскиот колтан кој се преработува во тантал, метал кој се користи во производство на мобилни телефони, компјутери, компоненти за авиони и гасни турбини.
Локалитетот е под контрола на бунтовничката група М23 од 2024 година.































