Како увертира на спортската манифестација „Спортист на годината 2025“, Министерството за спорт ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци, од кои 35 се надежни одбојкари и одбојкарки.
Финансиска поддршка од државата преку проектот „Спортска надеж“, добиваат спортисти на возраст до 20 години кои се македонски репрезентативци, членови на националните селекции до оваа возрасна категорија во сите спортови.
Дел од одбојкарските младински репрезентативци присуствуваа на свеченото доделување на стипендиите кое се одржа во Македонската опера и балет.



































