фото: ЈП „Улици и патишта“

На превојот Плетвар нема никакви проблеми со снегот и сообраќајот се одвива без застој за сите видови возила.

Екипите го одржуваат патот и се подготвени за секакви временски промени.

– Во утринските часови до 10 часот имавме забрана за тешките товарни возила. Сега превојот е прооден за сите видови возила. Со механизацијата го исчистивме снегот и го посипавме коловозот и не остана снег на него. Ја следиме ситуацијата. Попладнето се најавени слаби врнежи од снег, за ноќеска времето да се стабилизира. Препорачуваме внимателно возење со задолжителна зимска опрема – изјави Демир Фазлиев, одговорен на пунктот на Плетвар од ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот непречено се одвива на сите патни правци во Прилепскиот регион. Од „Македонија пат“ велат дека се добро опремени со материјал и  механизација.

-Во Прилепскиот регион сообраќајот на сите патни правци се одвива нормално, според зимски услови. Препорака е сите возачи да се приспособуваат според условите на патот. Имаме доволно материјал и се надеваме дека ќе одговориме на сите наши обврски – вели Сашко Цветкоски, раководител на секцијата на „Македонија пат“ во Прилеп.