Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде и снежна покривка достигна висина од 31 сантиметар.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат Охрид со 52, Претор со 48, Маврови Анови 39, 35 литри на метар квадратен наврна во Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, по 16 во Штип, Виница и Струмица, 15 во Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, 12 Скопје-Петровец и Радовиш, 8 Кавадарци и 6 литри на метар квадратен во Демир Капија, информира од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Куманово се измерени – 3 степени, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Mаврови Анови, -1, Крива Паланка, Штип, Велес и Kрушево, 0, Тетово, Охрид и Виница 1, Претор и Кавадарци, 2, Демир Капија, 3, Прилеп и Берово,4, Битола и Струмица,5, Гевгелија, 7.
Снежна покривка од два сантиметри има во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец над 60 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.
































