СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово – информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.




































