Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во СВР Велес вчера во 12.35 часот било пријавено дека во помошна просторија од неговиот дом во Велес бил пронајден починат 70 – годишниот велешанец П.Т.

Како што информираа попладнево од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.