Фото: ЕПА

ТЕНИС

Казахстанката Елена Рибакина со 516 аса, не само што беше единствената тенисерка што ја надмина бројката од 500 такви незапирливи сервиси годинава туку беше и единствената тенисерка што надмина 400. Таа е само втората жена во претходните 15 години што достигна 500 или повеќе ас-сервиси во една сезона, заедно со Каролина Плишкова, која го постигна овој подвиг двапати, во 2015 година (517) и во 2016 година (530). Ова е вторпат Казахстанката да биде убедливо на првото место на листата на лидерки по бројот на асови, пред Линда Носкова од Чешка (373). Таа беше блиску повторно да го стори тоа во претходните три години, завршувајќи на второто место во 2022 година (по Каролин Гарсија од Франција), во 2023-та (повторно по Гарсија) и лани (по Женг Кинвен од Кина). Сега, шампионката на Вимблдон од 2022 година е повторно на врвот.
На машката АТП-турнеја, Американецот Тејлор Фриц е број 1 на листата на ас-сервиси, првпат во својата кариера, со 867. И Фриц беше блиску до врвот во претходните неколку години, освојувајќи го вториот место во 2023 година (по Хуберт Хуркач од Полска) и трет во 2024 година (по Александар Зверев од Германија и повторно Хуркач). Годинава изби сам на врвот, а втор е неговиот сонародник Рајли Опелка (790 аса). Г.И.


НАЈМНОГУ АС-СЕРВИСИ ГОДИНАВА

ТЕНИСЕРКИ
Елена Рибакина 516
Линда Носкова 373
Клара Таусон 358
Екатерина Александрова 339
Наоми Осака 307

ТЕНИСЕРИ
Тејлор Фриц 867
Рајли Опелка 790
Феликс Оже-Алиасим 783
Јакуб Менсик 679
Александар Бублик 674