ХОКЕЈ НА МРАЗ – НХЛ-ЛИГА
Александар Овечкин постигна два гола за да го зголеми рекордот на хокеарската НХЛ-лига на вкупно 911 гола во кариерата, во победата на Вашингтон на средбата на гости со Сан Хозе, со 7-1, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Тоа беше шеста победа во низа на Вашингтон сезонава. Овечкин, кој сезонава постигна 14 гола (10 на претходните 11 средби), го одигра 181. натпревар во кариерата на кој постигна барем два погодока, осум меча помалку од рекордот на Вејн Грецки, пишува АП. Н.М.


































