Фото: „Нова Македонија“

Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани титулата во Лигата на нациите за фудбалерки, откако ја победи Германија со 3-0 во реваншот од финалето во Мадрид, за сезоната 2024/2025. Првиот натпревар, во петокот, во Кајзерслаутерн, заврши нерешено, без голови. Актуелниот светски шампион и европски вицешампион го повтори својот успех во Лигата на нациите, бидејќи славеше и во првото издание на тоа натпреварување, во сезоната 2023/2024, тогаш по победата во финалето на дуелот со Франција. Публиката од 55.843 гледачи на мечот во Мадрид беше рекордна посетеност и за финалето на Лигата на нациите и за натпревар на домашен терен за Шпанија, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Н.М.