- Сезоната пред почетокот на новата ера за спортот и проширувањето на 11 тима со нови правила и мотори беше возбудлива за сите тројца кандидати за трофејот, Норис, Ферстапен и Пјастри, а додека се одвива драмата за титулата, другите ќе се тркаат за награди и за поени за да го подобрат своето место во редоследот на табелата, пишува „Ројтерс“
Формула 1 ќе го круниса својот шампион во Абу Даби неделава, а Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе се обидат да го симнат од тронот Макс Ферстапен и да му ја одземат на Холанѓанецот петтата титула по ред, пишува агенцијата „Ројтерс“. Норис е фаворит во тројната пресметка, со 12 поени пред Ферстапен, и му треба „само“ да заврши на подиумот, кој и да победи, во она што би можело да биде ноќ на голема драма.
Сезоната пред почетокот на новата ера за спортот и проширувањето на 11 тима со нови правила и мотори, беше возбудлива за сите тројца кандидати за трофејот. Сите имаат по седум победи, сите се способни да го зголемат тој број и се подготвени да испорачаат интересно финале, а сите исто така имаа и откажувања од трки поради судири или инциденти, пишува „Ројтерс“.
Норис, победник на првата трка сезонава, во Мелбурн, во март, беше 34 поени зад Пјастри на крајот на август, но направи пресврт. Тој победи во Абу Даби од пол-позицијата во минатата година, откако ја загуби трката за титулата со Ферстапен, пишува „Ројтерс“.
– Неверојатна сезона. Имаме неверојатен автомобил. Горд сум на сите во тимот. Благодарам на сите наши навивачи. Имаме уште една трка и ќе дадеме сѐ од себе – рече тој.
Пјастри, кој водеше од април до октомври, се чинеше дека ќе го освои првото првенство за Австралија од Алан Џонс пред 45 години, но сега има 16 бода зад својот тимски колега, пишува „Ројтерс“. Тој треба да победи или да биде втор и да се надева на пресврт во приказната, двапати овој век возачот што беше трет во генералниот пласман пред последната трка на сезоната излезе на врвот, пишува „Ројтерс“.
Ферстапен, кој може да му се придружи на Михаел Шумахер, кој сега е единствен возачи што освоил пет титули по ред, би можел да оствари најневеројатно враќање, откако беше 104 поени зад Пјастри кон крајот на август.
– Остануваме во трката до крајот – се насмевна Холанѓанецот по победата во Катар минатиот викенд, која дојде по победата во Лас Вегас една недела пред тоа.
Уште една победа без Норис на подиумот би била доволна за титула, пишува „Ројтерс“.
Додека се одвива драмата за титулата, другите ќе се тркаат за награди и за поени за да го подобрат своето место во редоследот на табелата. Н.М.


































