Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите.
– Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок. Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка- велат од УЈП.
Апелираат до граѓаните доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, веднаш да направат ажурирање на податоците во системот.


































