Имаме реални проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% следната година, а тоа е доказ дека државата се движи во правилна насока – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Во телевизиско гостување, таа посочува дека иако проекцијата за јавниот долг беше 62,1%, годината ќе ја завршиме под 61%, што, според неа, е јасен сигнал дека Владата работи внимателно, стабилно и одговорно.
– Веќе работиме на подготување материјал, којшто ни треба за издавање на еврообврзницата и тука параметрите во однос на сите соседни земји се одлични. Знаете, кога загрижува јавниот долг, кога имате просечан раст во седум години од 1,6 или 1,8%. Тогаш загрижува јавниот долг. Јавниот долг не загрижува, кога ние имаме проектирани стапки на раст 3.5, 3,8%, коишто ќе ги οствариме. Поголем доказ од тоа дека Владата работи правилно како што расте БДП, нема. Јасно е, дека стапките на раст на БДП, отсликуваат дали политиката е добра – изјави министерката Димитриеска Кочоска.


































