фото: Маја Јаневска - Илиева

Скопската општина Аеродром доби донација од Израел – ново детско игралиште.

Денеска, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски заедно со амбасадорката на Израел, Вивиен Ајзен, и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, присуствуваа на отворањето на новото детско игралиште – донација во чест на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.

фото: Маја Јаневска – Илиева

– Упатив искрена благодарност до Владата и народот на Израел за континуираната поддршка и солидарност. Во изминатите три децении изградивме пријателски и динамични односи, засновани на заемно разбирање, почитување и поддршка, со соработка во бројни области. Овој проект е симбол на пријателство, доверба и меѓусебно почитување. Место на радост и смеа за децата, но и потсетник дека вистинските мостови меѓу народите се градат преку соработка, разбирање и искрени човечки вредности – порача Муцунски.

фото: Маја Јаневска – Илиева