Фото: Гордана Силјановска Давкова/Фејсбук

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.

Фото: Гордана Силјановска Давкова/Фејсбук

– Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите – стои во објавата на фејсбук-профилот на Силјановска – Давкова.

Таа се согласува со претседателот на Франција Макрон кој, како што наведува, на Парискиот мировен форум 2025 укажа на заканата од лажните информации коишто со креирање на радикални наративи ги нарушуваат демократските процеси.

Фото: Гордана Силјановска Давкова/Фејсбук

– Почитувањето на националниот и културниот идентитет, солидарноста, владеењето на правото и човековото достоинство, како основна цел на ЕУ, можат да бидат постигнати само со соодветни информации што нема да бидат под влијание од профитно базираните алгоритми на социјалните мрежи и лажните профили коишто ја уништуваат јавната дебата и ја загрозуваат демократијата – напиша претседателката.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.