Нов референдум за брегзит би можел да биде решение со кое би се деблокирала ситуацијата, оцени денеска британската министерка за труд, изразувајќи спротивно мислење од она на премиерката Тереза Меј.
– Не го сакам изјаснувањето или референдумот генерално, но ако парламентот не успее да постигне консензус, тоа би можело да биде аргумент(за референдум) – рече Амбер Руд, која во јуни 2016 година гласаше за останување во Европската унија(ЕУ).
Премиерката Меј во неколку наврати ја исклучи можноста за повторно изјаснување, оценувајќи дека со тоа ќе бидат предадени Британците и нивната одлука од 2016 година.