- Истражувачите изјавија дека се проценува дека едно од шест деца трпи физичко насилство, првенствено од членови на семејството и старателите, а едно од три е изложено на вербално малтретирање
Вербалното малтретирање на децата може да биде еднакво штетно за нивното ментално здравје во возрасната доба исто како и физичкото насилство, покажало истражување спроведено во Велика Британија. Резултатите од студијата на повеќе од 20.000 возрасни лица во Англија и Велс покажале дека луѓето изложени на вербално малтретирање во детството ќе се чувствуваат како возрасни лица, неповрзано со другите луѓе, песимистично и емотивно лошо.
До 52 проценти поголеми изгледи за ниска ментална состојба
Возрасните што биле физички малтретирани како деца имаат 52 проценти поголеми изгледи да искусат ниска ментална состојба, а таа веројатност изнесува околу 64 проценти за оние што биле изложени исклучиво на вербално малтретирање. Иако вербалното малтретирање во оваа студија покажало незначително поголемо влијание, истражувачите рекле дека разликата не е статистички значајна и дека би биле потребни дополнителни истражувања, можеби со поголем примерок, за да се потврди разликата.
Изложеноста на двата вида малтретирање дополнително го зголемила ризикот на 115 проценти, открива студија што ја водел Универзитетот „Ливерпул Џон Мурс“.
– Нашето истражување покажува дека вербалното малтретирање во детството може да доведе до длабоки и трајни последици врз менталното здравје, исто како и физичкото малтретирање. Важен напредок е постигнат во борбата против физичкото насилство, но вербалното често се занемарува – рече водечкиот автор на студијата, Марк Белис, директорот за истражување и иновации на универзитетот.
Едно од три деца трпи вербално насилство
Студијата исто така сугерира дека вербалното малтретирање се зголемило во изминатите децении „што ја нагризува долгорочната ментална придобивка што треба да се забележи поради намалувањето на физичкото насилство“.
Физичкото малтретирање се преполовило од околу 20 проценти кај оние родени помеѓу 1950 и 1979 година на десет проценти кај родените по 2000 година, покажуваат овие студии.
Но кога станува збор за вербалното насилство, тоа од 12 проценти кај оние родени пред 1950 година скокна на 20 проценти кај родени по 2000 година. Истражувачите изјавија дека се проценува дека едно од шест деца трпи физичко насилство, првенствено од членови на семејството и старателите, а едно од три е изложено на вербално малтретирање.
