фото: Кабинет на претседателката

По повод Меѓународниот ден на белиот стап, Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија го истакнува значењето на ова незаменливо помагало за лицата со оштетен вид. Белиот стап не е само симбол за слепиот човек, туку и алатка која нему му овозможува независност, слобода и безбедност при движењето.

Со правилна употреба, појаснуваат од Сојузот, белиот стап обезбедува три клучни функции: заштитна функција движењето, овозможува избегнување на пречки и обезбедува безбедност, информирачка функција обезбедува тактилен и звучен фидбек од околината и идентификациска функција служи за препознавање на лицето со оштетен вид во општеството и на јавен простор.

– Овој ден е можност да се потсетиме на важноста на белиот стап како средство за подобрување на квалитетот на живот и интеграција на лицата со оштетен вид во општеството. Во таа насока, Националниот сојуз на слепи повикува на поддршка и разбирање од сите чинители во општеството, почнувајќи од највисоките институции па се до секој поединец, со цел да се овозможи еднаков пристап и подобра инклузија за сите лица со оштетен вид во државата – се вели во соопштението од Националниот сојуз на слепи.