Израел одлучи утре да не го отвора граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, што е пропишано со договорот за прекин на огнот во Газа, бидејќи палестинската милитантна група Хамас не ја исполни својата обврска да ги врати телата на сите мртви заложници што сè уште ги држи во Појасот Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
Како што сајтот најави, Израел ќе го намали и износот на помошта што доаѓа во Газа како дел од санкциите против Хамас.
Овие потези доаѓаат откако израелските одбранбени претставници проценија дека Хамас не вложил доволно напори за враќање на преостанатите тела на заложниците.
Хамас вчера ги ослободи преостанатите 20 живи заложници, кои беа киднапирани во напад врз јужен Израел во октомври 2023 година, и ги предаде телата на четворица мртви заложници, додека 24 тела сè уште се во Појасот Газа.