ТЕНИС – ТУРНИР „ШЕСТ КРАЛА“ ВО РИЈАД
Во Ријад, Саудиска Арабија, од 15 до 18 октомври, втора година во низа ќе биде одигран егзибицискиот турнир наречен „Шест крала“, каде што ќе настапат најдобрите шест тенисери во светот, а победникот ќе биде побогат за шест милиони евра! Веќе се познати и учесниците на турнирот, а најдобриот на светот, Шпанецот Карлос Алкараз, и најтрофејниот во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, директно се пласира во полуфиналето.
Ѓоковиќ за противник во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот меѓу Италијанецот Јаник Синер и Гркот Стефанос Циципас, додека Алкараз ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Германецот Александер Зверев и Американецот Тејлор Фриц. Ланскиот трофеј го освои Синер, кој во финалето го совлада Алкараз. Г.И.