Министерот за рударство на Нигер, Усман Абарчи на Форумот за нуклеарна енергија, што се одржува во Москва, изјави дека неговата земја сака да изгради два нуклеарни реактори од 2.000 мегавати во партнерство со „Росатом“.
– Реакторите би се граделе под надзор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ). Да, многу сме амбициозни, но тоа ни е многу важно, всушност е многу важно за целиот африкански континент – посочи Абарачи.
Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во јули потпиша меморандум за разбирање со Министерството за енергетика на Нигер, кој предвидува соработка во областа на нуклеарната енергија и нуклеарната технологија. Нигер вчера предложи соработка и развој на наоѓалиштата на ураниум.
– Предлозите се исклучително интересни – изјави директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачев.
Нигер минатата година беше на осмото место на светската ранг-листа на производители на ураниум. Околу 5.000 тони ураниум има во северните делови на Нигер.
„Росатом“ вчера потпиша документ за изградба на нуклеарна електрана и со Етиопија.
Единствена африканска земја што има нуклеарна електрана е Јужноафриканската Република.