Фото: Орце Ѓорѓиевски/Фејсбук

Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот.

– Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со  8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред шест часот – информираа од ДЗС.