Сириските државни медиуми објавија дека бунтовниците во градот Думајар, североисточно од Дамск, го предаваат оружјето во согласност со договорот со сириската Влада.
Телевизијата Ал-Икхбарија објави дека борците на Војската на исламот и членови на нивните семејства почнале да се евакуираат од Думајар. Вкупниот број што ќе го напуштат Думајар е 5.000 луѓе, од кои 1.500 борци.
Думајар е во близина на регионот Источна Гута.