Фото: Принтскрин

Голем пожар изби во фабриката „Макпрогрес“, позната по брендот „Винчини“, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
-Во моментов со огнот е зафатен еден погон, а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони. На помош тргнаа пожарникари од Штип, Свети Николе, Струмица и Пробиштип – велат од ДЗС.