Сидни Свини во главна улога во „Американа“

По две години од завршувањето на снимањето и светската премиера на фестивалот „Саут бај саутвест“ во 2023 година, акциониот филм „Анерикана“ со Сидни Свини во главната улога конечно се појави на големото платно.
Откако вреден артефакт од племето Лакота ќе се појави на црниот пазар, срамежлива келнерка (Сидни Свини) со големи соништа од мал град во Јужна Дакота се здружува со воен ветеран (Пол Волтер Хаузер) за да го добие, означувајќи ги како цел на безмилосен криминалец (Ерик Дејн) што работи за западен трговец со антиквитети (Сајмон Рекс). Следува крвопролевање кога други се приклучуваат во борбата, вклучувајќи ги и водачот на домородна група (Зан Меккларнон) и очајна жена што бега од своето мистериозно минато (Холзи).
Режисер и сценарист на оваа продукција е дебитантот Тони Тост, кој работеше како сценарист на популарните серии „Покерско лице“, „Теророт“, „Проклетството“ и „Лонгмајр“.


Норвешката воена драма на отворањето, а египетскиот
политички трилер на затворањето на фестивалот во Хаугесунд

Норвешкиот воен филм „Битката кај Осло“ ќе биде прикажан на отворањето, а египетскиот политички трилер „Орли на Републиката“ на затворањето на годинашниот 53-ти фестивал во Хаугесунд, Норвешка (16.8.-22.8.).
„Блихер“ е филм за улогата на полковникот Биргер Ериксен во најдраматичните часови од норвешката историја. Тоа е напната драма за најголемата одлука во кариерата на полковникот. Одлуката имаше последици за текот на војната во Норвешка, како и лични последици за Ериксен по војната.
Дејствието се одвива на 9 април 1940 година, кога еден остарен 64-годишен полковник командува со тврдината „Оскарсборг“, критична точка што сите бродови мора да ја поминат кога се приближуваат кон Осло.
Ериксен се соочува со сериозен недостиг од работна сила, недостиг од клучни информации и отсуство на јасни воени директиви. Додека најмоќната воена сила во светот се приближува, неговиот единствен совет е неговата сопствена процена.
Иако исходот од битката е добро познат во Норвешка, филмот се занимава со помалку познатите повоени судења на Ериксен. Соочен со воена комисија, тој мора да ги брани своите постапки од критиките за предвремено предавање на тврдината. Ериксен мора да се бори за слава и чест.
Режисер на оваа продукција е Даниел Фахре, познат норвешки ТВ-автор.


Воениот еп на режисерот Ао Шен со најголема заработка

Кинескиот воен филм „Мртви за правата“, базиран на вистински настани, e филмот со најголема заработка во својата земја од 366,5 милиони долари.
За време на масакрот во Нанџинг во 1937 година, поштарот А Чанг се претставувал како фотограф, наводно помагајќи им на јапонските сили додека тајно ги засолнувал кинеските бегалци. Подоцна го ризикувал својот живот евакуирајќи ги и откривајќи докази за злосторствата.
Режисер на оваа продукција е Ао Шен, кој освоил дури 22 награди на разни фестивали за својот претходен филм, криминалистичкиот „Нема повеќе облози“.


Канадскиот хорор „Килгрин“ меѓу најнаградуваните годинава

Канадскиот хорор-филм „Килгрин“ ја освои наградата за најдобри специјални ефекти на минатогодишниот фестивал „Филмквест“ во Јута.
Миранда, тагувајќи по загубата на саканата личност, посетува курсеви за психолошка помош и ѝ се чини дека нешто злокобно се случува околу неа – таа гледа ужасни сенки, слуша застрашувачки звуци. Не добивајќи помош од психолог, оди кај толкувач на тарот, каде што дознава дека е во смртна опасност. Ја гони злобен ентитет и, кога болката е преголема, ги напаѓа своите пријатели и најблиски, кинејќи им ги лицата во монструозна насмевка.
Режисерка на оваа продукција е Џоана Цанис, која е наградувана неколкупати за своите кратки филмови.


Тинејџерска зомби-комедија најгледана во Јужна Кореја

Зомби-комедијата „Мојата ќерка е зомби“ беше филмот со најголема заработка во Јужна Кореја минатата недела, заработувајќи 12,5 милиони долари за само три дена. Патем, филмот е базиран на стрип напишан од Јун-чанг Ли.
Ли Џонг Хван, бестрашен дресер на животни, живее хаотичен секојдневен живот со својата бунтовна ќерка тинејџерка Ли Су, која е полна со страст за танцување. Еден ден, Су се заразува со зомби-вирус што го зафатил целиот свет. Ли Џонг Хван се обидува да најде засолниште во крајбрежното село каде што живеела неговата мајка.
Во средината на општеството решено да ги искорени заразените, Су покажува слаби знаци на разбирање на човечкиот говор, па дури и реагира на своите омилени работи. Одбивајќи да се откаже од неа, Јунг-хван го користи своето долгогодишно искуство во скротување тигри и почнува да ја дресира својата зомби-ќерка.
Режисер на оваа тинејџерка хорор-комедија е Пил Гам-Сунг, за кого ова е втор долгометражен филм, по акциониот филм „Инџил“ од 2021 година.